Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

May 19, 2025
1 min read

Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат зградата, во обид да издејствуваат ослободување на шест активисти, приведени пред 60-на денови. Меѓу приведените е и професорката Марија Васиќ, која е префрлена пред четири денови во затворската болница во Белград откако штрајкуваше со глад.
Во 5:45 часот наутро, сите четири влезови на судската зграда и канцеларијата на обвинителот се блокирани. Интервентната полиција исто така од утрото е пред зградата. 

На официјалниот влез пред судот се и членови на опозициски партии.
Претходниот ден, до полноќ, беше обележан со немири на граѓани и на активисти на СНС пред просториите на таа партија во Нови Сад. Совети на граѓани, здруженија на граѓани, студенти, неформални групи и истакнати поединци, опозициски партии и невладини организации и за денеска најавија дека е бидат пред Централниот затвор/Затворска болница во Белград, за да и се помогне и поддржи на притворената професорка Марија Васиќ. Неколку протести со истите барања веќе беа организирани минатата недела пред судот во Нови Сад.

 
Шест активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарната власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако беа обвинети за обид за соборување на уставниот поредок, а во вторникот судот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шест активисти на СТАВ се обвинети за истото кривично дело, но тие се во странство и недостапни за полицијата.

Сите се обвинети врз основа на аудио-снимка од нелегално прислушуван разговор, емитуван на српски телевизии на 14 март.

Адвокатите на одбраната на обвинетите постојано тврдат дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) нелегално го прислушкувала разговорот и додаваат дека аудио-снимката не може да биде правно валиден доказ во процесот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја делови од Центар, Аеродром и Сарај

Следно

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop