Ескалира состојбата на Блискиот исток по серијата на ракетни напади на Иран врз израелски цели во во централните и северни делови на земјата. Според официјалните податоци на израелската информациска агенција околу 2.000 луѓе останале без покрив над главата, барем привремено, додека пак во бомбандирањето на цивилни објекти во Петах Тиква загинале 4 лица.
Нападите не го одминале и Бнеј Брак, каде што ракета погодила училиште во станбен кварт а загинато е едно лице, додека пак Иранската Исламска револуционерна гарда на социјалните медиуми соопштила дека бил погоден центар за воено разузнавање и центар за оперативно планирање на Мосад.
„Исклучителните резултати на Израел во операцијата ,,Разбудени лавови“ продолжуваат да се редат, Утрово бевме информирани дека е ликвидиран шефот на иранскиот Генералштаб Али Шадмани, откако неговиот претходник беше елиминиран во претходните фази на операцијата. Сеуште не знаеме кој ќе го наследи, но му препорачуваме на тој што ќе ја прифати функцијата, ако ја прифати сериозно да размисли, треба да биде исклучително внимателен” изјави САР.
Човечки загуби и значителна материјална штета во последното деноноќие е регистрирана и на Иранска територија каде била погодена иранската национална телевизија-загинати се три лица, медиумски работници. Израелските власти известуваат за напади и во западен Иран каде израелските сили биле насочени кон воена инфраструктура, додека пак израелските разознавачки служби тврдат дека го убиле Али Шадмани, началник на генералштабот на Иран.
Израелските тврдена за хирушки прецизни напади се лажни и невистините. Напротив, тие започнаа кампања на незаконски и неселективни напади на цивили и цивилна инфраструктура во во Иран. Цивили беа убиени, домови, болници и друга цивилна инфраструктура целосно уништена. Ова се факти, не тврдења.
Дека помеѓу граѓаните владее хаос и паника, може да се види од последната објава на новинарот Јан Панел од АБЦ Нјуз кој известува дека во Тел Авив постојано се огласуваат сирени за опсност, а службите од брза помош и спасувачки екипи се постојано на терен во потрага и спасување на цивили.
„Тука во центарот на Тел Авив, главниот град на државата, екипите за итни состојби се на терен, додека пожарникарите едноставно се обидуваат да откријат што се случува во овој објект, можете да ја видите третиот и четвртот кат кои веројатно се станбени апармани се целосно уништени, нема знаци на живот во овој момент оттаму. Ова е реалноста за многу Израелци, и тоа не само еднаш, туку повеќе пати во денот.
Од друга страна. Додека на Блискиот исток се состојбата ескалира, лидерите на седумте највлијателни и најмоќни економии во светот во Канада одржаа самит на кој главниот фокус беше ставен токму војната помеѓу Иран и Израел. По завршување на самитот дел од лидерите се огласија со став дека војната помеѓу двете земји мора да биде запрена по дипломатски пат, но нагласија дека по секоја цена Иран не смее да развие нуклеарно оружје.
Телоп: Емануел Макрон, претседател на Франција
,,Навистина има понуда за средба и размена на ставови. Понудата е направена спеицифично за да се постигне примирје и потоа да се поттикнат пошироки разговори. Сега треба да видиме дали страните ќе ја прифатат. Во моментов, верувам дека треба повторно да започнат преговори и дека цивилите мора да бидат заштитени “ изјави Макрон.
Посебно внимание во јавноста предизвика одлуката на претседателот на Соединетите американски држави Доналд Трамп кој донел одлука порано да го напушти самитот што предизвика полемика дали првиот човек на САД не се согласува со ставовите главно на европските лидери, за што следуваше експерна реакција на Трамп кој со објава на социјалните медиуми ги отфрли гласините и нагласи дека неговата одлука била исклучиво од стратешко значење.
„Францускиот претседател Емануел Макрон, желен за публицитет, погрешно рече дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон за да работам на „примирје“ меѓу Израел и Иран. Греши! Тој нема поим зошто сум на пат кон Вашингтон сега, но тоа сигурно нема никаква врска со прекинот на огнот. Тоа е многу поголемо од тоа. Намерно или не, Емануел секогаш греши. Останете со нас!“ пишува Трамп.
Инаку, според официјалните иформации кои доаѓаат од Израел, околу 40.000 странски туристи меѓу кои 28 македонски државјани се заглавени во земјата, додека нема точни податоци за бројот на странски државјани во Иран.
Извор: 24vesti.mk