Блискиот исток пред ескалација – МНР со повик итно да се напушти Либан, а да не се патува во Израел

August 4, 2024
2 mins read

Расте стравот од проширување на конфликт на Блискиот Исток..Од ден на ден се повеќе држави кои ги повикуваат своите граѓани да го искористат секој слободен билет и да го напуштат Либан.

После САД, Велика Британија, Франција и Германија, и македонското министерество за надворешни работи ги повика сите македонци кои се во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат земјата.

Апелираат и да се одложат сите неопходни патувања кон Израел. Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по атентатот врз шефот на политичкото крило на Хамас и ракетниот напад врз Бејрут неколку часа часа претходно, а во кој, беше убиен воен командант на Хезболах.

„Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика. Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел. Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.“ – велат од МНР.

Во меѓувреме, Хезболах ги засилува нападите. Само во текот на изминатата ноќ, истрелани преку 50 ракети кон северен Израел. Повеќето од нив, пресретнати од противракетниот систем „Железна купола“, тврдат израелските безбедносни служби.

„Како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедните куќи, особено нападите насочени кон селата Кафр Кила и Деир Сарџан и повредените цивили, Исламскиот отпор (Хезболах) за првпат го погоди Беит Хилел со десетици ракетни.“ – Хезболах.

Иран се закани со одмазда а западните официјални лица стравуваат дека Хезболах може да одигра клучна улога во судирот меѓу Техеран и Тел Авив, но и  дека секое проширување на опсегот на напади на либанската група, ќе доведе до жестока одмазда на Израел. Жителите на Либан пак стравуваат дека ако државата насила е вовлечена во уште една војна која не може да си ја дозволи, лесно може да се распадне.

„Се надевам дека немас да има војна бидејќи овој пат, тоа би било катастрофа. Државата е банкротирана, бара хуманитарна помош и донации од странство, но дури и со тоа, едвај преживуваме.“ – вели Наџи Деркаспар жител на Либан.

„Секако дека луѓето се исплашени..Многумина се свесни дека во тој случај ќе има голем недостаток од храна, вода, електрична енергија.“ – вели Рој Хајек жител на Либан.

„Веќе размислував да се иселам. Ако има војна, мислам дека не можам да останам тука. Чекам да завршам со студии и потоа ќе го напуштам Либан.“ – вели Диана Абу Асал жител на Либан.

Палестинец од окупираниот Западен Брег, кој илегално влегол во Израел, утрово во градот Холон, во централниот дел на земјата, убил две и ранил уште две лица, потврди израелската полиција. Жртвите биле убиени на неколку различни локации, пред напаѓачот да биде елиминиран.

Дека состојбата на блискиот исток е пред ескалација, покажува и последниот потег на американските власти кои одлучија да испратат воени бродови и авиони да патролираат во регионот. Одлуката на САД за зајакнување на воените капацитети, следува по заканите од Иран и Хезбохах дека ќе се одмаздат за убиството на лидерот на палестинско движење „Хамас“.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ САНИРА ГЛЕДАЛИШТЕТО НА ТЕАТАРОТ ВО СТОБИ, ТАМУ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИГРААТ ПРЕТСТАВИ

Следно

Од МЗ за ТВ 24: Во петок ќе се објави тендерот за нова компресорска станица за операционите сали

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop