Блинкен: Заминувањето на Гонзалес во Шпанија е резултат на антидемократските мерки на Мадуро

September 9, 2024
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека заминувањето на поранешниот претседателски кандидат на Венецуела, Едмундо Гонзалес во Шпанија е директен резултат на антидемократските мерки што сегашниот претседател Николас Мадуро ги спроведе против народот на Венецуела, вклучително Гонзалес и други лидери на опозицијата.

Тој нагласи дека Гонзалес останува неприкосновен глас за мир и демократски промени во Венецуела, соопшти Стејт департментот.

– Мадуро и венецуелските изборни власти не можат едноставно да ги поништат изборните резултати и волјата на народот. Ние стоиме со Гонзалес во неговиот повик да продолжи борбата за слобода и враќање на демократијата во Венецуела. САД силно ја осудуваат одлуката на Мадуро да користи репресија и заплашување за да дојде на власт со сила, наместо да го признае својот пораз, се вели во изјавата на шефот на американската дипломатија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владиката Партениј од Грција повика на единство

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува, а како пратеник годинава го пријавил

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop