Блинкен: Путин пред 16 месеци беше на прагот на Киев, а сега мораше да ја брани Москва

June 25, 2023
1 min read

Сега мораше да ја брани Москва од платеник кој самиот го создаде, изјави Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека бунтот на приватната платеничка група „Вагнер“ и нејзиниот сопственик Евгениј Пригожин „е директен предизвик за авторитетот на Путин, кој до пред неколку месеци беше на прагот на Киев, а сега мораше да ја брани Москва“.

„Ако го ставите тоа во контекст пред 16 месеци, Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го земе градот за неколку дена и да ја избрише земјата од мапата. Сега мораше да ја брани Москва од платеник кој самиот го создаде“,

изјави Блинкен за Си-би-ес, пренесува Радио Слободна Европа.

Според Блинкен, одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.

Бунтот покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини, смета Блинкен и наведува дека е премногу рано да се каже каква иднина ќе имаат платениците кои се побунија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Саудиска Арабија за аџилак досега пристигнати над 1,6 милиони аџии

Следно

Најмногу прекршоци во европските Топ 5 лиги направени врз Винисиус

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop