Блинкен на средба со Ердоган за состојбата со војната во Газа

January 6, 2024
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Истанбул се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што пренесуваат светските медиуми, војната во Газа била една од главните теми на разговор, а Блинкен ја потенцирал потребата од спречување на ширење на конфликтот, обезбедувањето хуманитарна помош и ослободувањето на заложниците.

Фото: Ројтерс

Покрај Газа, двајцата разговарале за последните чекори за завршување на ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО од страна на Анкара, како и за предвидената американска продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција, објавија турските медиуми.

Според агендата, Блинкен заминува на Блискиот Исток, негова четврта турнеја во регионот во последните три месеци. Се очекува тој да ги посети Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија како и Израел, Западниот Брег и Египет.

За време на турнејата, Блинкен се обидува да разговара за конкретни чекори за тоа како актерите во регионот би можеле да го искористат своето влијание, за да избегнат ескалација на војната во Газа, соопштија од неговиот кабинет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ного: Киднаперите планирале да ја убијат и сестрата на Вања!

Следно

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност – Чулев: За време на инцидентот во МНАВ имало прелет на 40 авиони

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop