Бјере: Реформите и Копенхашките критериуми се суштински за проширувањето на ЕУ

September 16, 2025
2 mins read

 Данското претседателство ќе направи се за да го придвижи проширувањето напред, но останува од суштинско значење земјите кандидати за членство да испорачаат во спроведувањето на реформите и остварувањето на Копенхашките критериуми, изјави денеска данската министерска за европски прашање Мари Бјере по одржувањето на шестата Меѓувладина пристапна конференција Албанија-ЕУ, на која беа отворени преговорите по Кластерот 4 – „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. 

– Денешната Меѓувладина конференција означува чекор напред за проширувањето и покажува дека вистинските реформи носат вистински резултати, рече Бјере на заедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарката за проширување Марта Кос и албанскиот премиер Еди Рама. 

Според неа, од почетокот на руската агресија врз Украина проширувањето на ЕУ стана геополитичка неопходност и тоа е еден од клучните приоритети на Данското претседателство со ЕУ, бидејќи од продолжувањето на тој процес зависи изградбата на посигурна и посилна Европска Унија. 

Бјере оцени дека отворањето на преговорите по Кластерот 4 е значаен чекор напред за Албанија, но и за ЕУ, особено затоа што тоа е петтиот отворен кластер во преговарачкиот процес за помалку од една година, со што неотворен преостанува само уште еден кластер. 

Кос, од своја страна, нагласи дека брзината на Албанија во отворањето на преговарачките поглавја е навистина импресивна и тој напредок на земјата е награда за упорната работа на албанските власти во спроведувањето на реформите. 

– Знам дека реформите што ги бараме од земјите кандидати некогаш не се лесни и бараат фундаментални промени, но Албанија покажа дека тоа е остварливо и дека ЕУ ги наградува позитивните промени, истакна Кос. 

Таа посочи дека успех е можен само доколку во преговарачкиот процес е вклучено целото општество – Владата, Парламентот, граѓанското општество и приватниот сектор во остварувањето на резултати во клучните области, како реформите во правосудството, независноста на судството, борбата против корупцијата, сопственичките права, малцинските прашања и слободата на медиумите. 

– Иднината на Албанија е во ЕУ, за тоа нема сомнеж, и денеска сме еден чекор понапред во остварувањето на таа цел, додаде Кос. 

Рама изрази благодарност до претставничките на ЕУ за поддршката на Албанија и за, како што рече, исполнувањето на ветувањето дека кога ќе се испорача, тоа ќе биде наградено. 

– Знаеме дека има многу предизвици и мора да се вложат напори, но знаеме и дека нема друг начин за остварување на она што првпат во историјата го избравме слободно, а тоа е каде сакаме да се вклучиме. Во минатото бевме насилно вклучувани во разни империи, а сега сакаме да бидеме дел од империјата на вредности, права и сигурност и безбедност, каде нашите луѓе конечно ќе бидат сигурни дека нивните слобода и права нема да бидат одземени, рече Рама.  

Тој изрази за задоволство што жителите на Данска, како земја претседавач на ЕУ, се најголеми поддржувачи на процесот на проширување на Унијата. 

– Прилично е охрабрувачко тоа што ги имаме Викинзите на наша страна и тоа мора да го прошириме низ цела Европа за никој да не го блокира нашиот пат, рече Рама.  

Во рамки на  Кластерот 4 – „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ од преговарачкиот процес, Албанија денеска ги отвори поглавјата 14 – „Транспортна политика“, 15 – „Енергија“, 21 – „Трансевропски мрежи“ и 27 – „Животна средина и климатски промени“. Со ова Албанија отвори 24 од 33-те поглавја во преговорите, но се уште нема затворено ниту едно поглавје. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се врати Лигата на шампиони: Тридневен спектакл од 2,5 милијарди евра

Следно

Коњановски: Со мешани патроли до побезбедна младина

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop