„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија

June 19, 2023
1 min read

Публиката со овации ја дочека наградата најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, на затворањето на фестивалот „In the Palace“ викендов во Софија.

Ова беше воедно и премиера на филмот на Цветановски, а режисерот во Бугарија пристигна заедно со дел од екипата.

20. јубилејно издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во Бугарија – Софија, Перник, Пловдив и Варна. „Бизнисот на задоволството“ по проекциите наиде на одлични реакции и голем интерес.

Фестивалот „In the Palace“ е еден од најголемите фестивали во Европа за краток филм, а победникот во оваа категорија влегува директно во кратката листа на кандидати за Оскар. Последните години фестивалот ја воведе и селекцијата долгометражни филмови каде што, според зборовите на организаторот, пристигнуваат одлични европски наслови.

„Бизнисот на задоволството“ е политички трилер – драма. Опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие мрежата за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“ за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм.

„Бизнисот на задоволството“ е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. Цветановски на македонската публика ѝ е познат преку серијалот „Светот на Биби“, а подолго време работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стејт департмент: Блинкен и Чин Ганг имаа искрен, суштински и конструктивен разговор

Следно

Северна Кореја: Неуспешното лансирање на сателит е најголемиот неуспех

Latest from Blog

Делчевскиот Мото клуб „Ендуро Тим“ со прва хуманитарна акција за празниците

Акцијата беше реализирана во Црквенец кај делчевското село Ветрен во домот на шестчлено семејство, а донацијата се состоеше од облека, храна, производи за домаќинството и училишен прибор. Претседателот на клубот Виктор Стојановски истакна

„Јорганџиите“ се во криза: Пораз и на гостувањето во Билбао

фото: Atlético de Madrid (X) Фудбалерите на Атлетико Мадрид го продолжија лошиот почеток на декември со втор последователен пораз во шпанското првенство. Само четири дена по поразот од Барселона, „јорганџиите“ останаа без

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на коалицијата

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од партискиот конгрес јасно ја потврдува насоката и визијата на партиското раководство. Фетаи

Аеродромот во Вилнус повторно затворен

Аеродромот во Вилнус вечерва беше привремено затворен по откривањето на шверц на балони од територијата на Белорусија, соопшти Националниот центар за управување со кризи. „Поради хибридниот напад извршен од Белорусија… и за
Go toTop