„БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА

June 18, 2023
1 min read

Бизнисот на задоволството“, дебитантскиот долгометражен игран филм на Гоце Цветановски, е прогласен за најдобар филм на фестивалот „In the Palace“ во Софија, каде што ја имаше и својата премиера. Покрај Софија, 20. издание на фестивалот се одржуваше и во Перник, Пловдив и Варна.

Многу ме радува тоа што наградата ја додели публиката. На крајот на краиштата, секое филмско дело постои токму за гледачите. Неизмерно се радувам за ваквиот светол почеток за фестивалската кариера на филмот“, рече Цветановски.

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ се снимаше на врвот на пандемијата на ковид-19 во есен 2020. Приказната следи новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, првпат се потпиша како кинематографер на долгометражен игран филм. „Бизнисот на задоволството“, чии продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски, е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

Македонската премиера на филмот би требала да се случи следниот месец.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски: Со фокусирана игра 90 минути можеме до добар резултат против Англија

Следно

Трагичен крај на потрагата по семејството Пацоли – трите безживотни тела пронајдени во автомобилот извлечен од Лепенец

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop