Бизнисмен од Тетово 10 години не плаќал данок, финансиска полиција му поднесе кривична пријава

February 25, 2025
3 mins read

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ.

Првопријавениот Б. Ф. во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, управител на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице Друштво за транспорт, трговија и услуги Про Тире ДООЕЛ експорт-импорт Тетово и сопственик и управител на петтопријавеното правно лице Друштво за трговија и услуги РАЕН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во период од 2013 до 2023 година, извршил серија на истородни противправни дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметка и плаќање на данокот на добивка, со кои дејствија го сторил кривичното дело “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ, на начин што:

Првопријавениот Б. Ф во име и за сметка на второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП

ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице, во текот на 2022 и 2023 година, префрлил парични средства кон себе како физичко лице на име дадени позајмици во вкупен износ од 3.698.630 денари, а кои средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање и истите не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, односно не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 369.863 денари, како и не извршил отпис на ненаплатени, неотужени и застарени побарувања од купувачи во земјата и побарувања по основ на дадени позајмици постари од 3 години, со што за износот од 46.740.281 денари не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 4.674.028 денари, како и примените позајмици од третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, кои биле примени пред 2020 година, не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој истите се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 30.865.886 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10% во висина од 3.086.588 денари. Со горенаведените дејствија првопријавениот Б.Ф. во корист на второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 8.130.479 денари.

Првопријавениот во име и за сметка на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ

експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице во периодот од 2013 до 2018 година, префрлил парични средства на име дадени позајмици спрема второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, како и префрлил парични средства на име дадени позајмици кон себе како физичко лице во вкупен износ од 1.949.308 денари, а кои средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање, истите не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, па така, на крајот на 2018 година на износот од 30.865.886 денари дадени позајмици на правното лице, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 3.086.588 денари и на крајот на

2023 година на износот од 1.949.308 денари дадени позајмици на себе како физичко лице не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 194.930 денари, како и застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово како купувач, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година во вкупен износ од 16.829.868 денари, не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од член 363 од Законот за облигациони односи, според кој истите се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 16.829.868 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10% во висина од 1.682.986 денари. Со горенаведените дејствија првопријавениот Б. Ф. во корист на третопријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 4.964.504 денари.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: СДСМ зборува за аматеризам во надворешната политика?! (ГАЛЕРИЈА НА БЕЗРБЕТНОСТА)

Следно

Разрешувањето на Коцевски ќе трае со недели?! СДСМ обвини за партизација, ВМРО-ДПМНЕ против „кочење“ на предмети

Latest from Blog

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на

Над 20 000 ученици дел од „Генералка викенд“

Над 20.000 ученици и повеќе од 1.000 наставници од основните и средните училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во
Go toTop