Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ на Саемот на книга во Лајпциг

May 1, 2023
1 min read

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола успешно се претстави на саемот на книга кој синоќа заврши во германскиот град Лајпциг.

Оваа година првпат на саемот и нашата држава имаше штанд, претставен од НУУБ „Св. Климент Охридски“, а во рамки на проект на Traduki мрежа, и заедно со други земји членки, изјави за МИА, Фатма Аземовска, претставник на битолската библиотека.

Македонскиот штанд го претставивме заедно со нашиот aвтор Живко Грозданоски. За овој проект добивме поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и тоа ни овозможи да бидеме заедно со 2.000 изложувачи од 40 држави. За време на саемот, беа презентирани 2.500 настани поврзани со новитетите за пролетта и бројни нови формати како што се барот за книги, форумот „Отворено општество“ и младинскиот кампус „Универзум“. Фокусот на сите средби оваа година беше, отворен збор за мирен соживот, посочи Аземовска.

Битолската универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со учеството на саемот на книга во Лајпциг, продолжи со интензивната меѓународна соработка и афирмација на библиотеката во странство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе Јапонија

Следно

Вечерва во 360°: За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Обвинителството случајот со куќата на тештата на Даштевски на Халкидики како да не постои

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop