Битола ќе се поврзе со Скопје преку автопат, Штип добива вештачко езеро – Николоски

August 24, 2025
1 min read

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, министерот за транспорт Александар Николовски истакна дека се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое се очекува да биде готово во периодот 2028-2029 година. Според него, овој проект ќе овозможи побрзо и безбедно патување, како и позитивно влијание врз бизнис климата во Битола и регионот.

„Работиме на огромен проект со Јавното претпријатие за државни патишта, целосно автопатско или експресно решение од Скопје до Битола, кое ќе овозможи патување за околу еден час и 30 минути“, рече Николовски.

Тој додаде дека во Штип се реализираат проекти за унапредување на туризмот, вклучително урбанизација на делот на бања Кежовица и изградба на првото вештачко туристичко езеро во регионот. „Се работи на максимално искористување на потенцијалот на Штип за развој на туризмот“, истакна Николовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Развој на инфраструктура – нови училишта, градинки и спортски објекти во сите населби

Следно

Сарамандов: Грчките туристи имаат голем инпут во локалниот развој на Гевгелија

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop