Битола ја добива својата зимска атракција – ноќно скијање на Копанки

October 9, 2025
1 min read

За првпат оваа зима, скијачката сезона на Копанки ќе биде збогатена со ноќно скијање, што ќе ја претвори битолската ски патека во нова зимска атракција.

Проектот се реализира со поддршка на Владата на Република Македонија, АД ЕСМ и Општина Битола, а во тек е изградбата на модерен систем за осветлување кој ќе овозможи безбедно и автентично ноќно скијање под ѕвезденото небо на Пелистер.

„Со новиот систем за осветлување, Копанки ќе стане уште поатрактивна дестинација за љубителите на зимските спортови и за туристите кои го посетуваат Битола“, велат од Општината.

 

Со почетокот на зимската сезона, посетителите ќе можат да уживаат во ново светло, нови предизвици и незаборавни моменти на култната пелистерска патека.

Битолчани веќе ја поздравија иницијативата, оценувајќи дека ноќното скијање ќе го збогати туристичкиот потенцијал на регионот и ќе донесе свежа енергија во зимската понуда на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се обидел да преплива 32 километри, кога морето станало крваво- го нападнала ајкула

Следно

Бен Афлек ѝ го украде шоути на Џеј Ло- зборува шпански подобро од поранешната сопруга (ВИДЕО)

Latest from Blog

Јовановски ја тепал сопругата и пред ќерката: Обвинителството открива што се случило дента пред трагедијата во која починаа Ивана и Катја

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска
Go toTop