Битола го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со панел-дискусија

December 4, 2025
1 min read

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во ОУ „Кочо Рацин“ во Битола се одржа панел-дискусија насловена „Биди промена, биди поддршка – со перспектива, иновација и заедничка акција до успешна едукација и рехабилитација“.

Пораката до професионалците и семејствата беше јасна: инклузијата не е опција, туку заедничка обврска. Панелистите дискутираа за тоа како да се гледа личноста повеќе од дијагнозата, влијанието на родителската перспектива на рехабилитацијата, најкорисните иновативни практики и адаптирањето на домашни и меѓународни модели во услови на ограничени ресурси.

Директорката Драгана Кирковска се обрати со поздравен говор, а градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека одбележувањето на денот е потсетник и поттик за продолжување на конкретните чекори за развој на инклузивни политики на локално ниво.

„Општина Битола работи на развивање пристапна инфраструктура, подобрување на образовните услуги, поддршка на ресурсните центри и соработка со училиштата и граѓанските организации. Наш приоритет е секое дете и млад човек со попреченост да добие навремена, квалитетна и персонализирана поддршка. Инклузијата не е само политика – тоа е јадро на развојот на една современа и хумана заедница“, порача Коњановски.

Во рамки на дискусијата беше истакната важноста на заедничката акција и тимската работа меѓу психологот, дефектологот, родителот и училиштето, како и изградбата на култура на соработка, наместо индивидуални напори.

На панелот учествуваа дефектолози од редовните училишта, Центарот за поддршка, доктори од Здравствениот дом, професори од Славјанскиот Универзитет и Високата медицинска школа, претставници од Регионалното тело – МКФ, градинките од Битола, како и од Заводите за рехабилитација на слух, говор и глас и за ментално здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановски најави месечна финансиска поддршка за децата со посебни потреби во Кичево

Следно

Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во рамките на ТИРЗ

Latest from Blog

Голема сообраќајна несреќа на автопатот во Mичиген: Над 100 возила вклучени во верижен судир

Над 100 возила беа вклучени во масовен верижен судир на замрзнат автопат во американската сојузна држава Мичиген. Поради несреќата, полицијата ги затвори двата правци на автопатот 196, додека надлежните служби работат на

Македонското друштво „Илинден“-Тирана против отворање мигрантски центри во Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара итно од Владата повлекување на одлуката за отворање на три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, во областа Преспа, и тоа: во селото Зрноско, на

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Се праќаат лажни СМС пораки за наводни казни од „Сејф сити“, еве како да ги препознаете (ФОТО)

Измамниците не губат време, па веќе смислија нов начин за богатење. Овој пак искористувајќи го системот „Безбеден град“. Неколку граѓани се обратија до нашата редакција, добиле СМС порака за сторен сообраќаен прекршок

Коњановски го награди Христијан Бошевски, фаќачот на Светиот крст во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст , која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола,
Go toTop