Битола добива нови инвестиции во сообраќајната и комуналната мрежа, најави Коњановски

October 2, 2025
1 min read

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

 

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Latest from Blog

Министерството за јавна адмиистрација организира настан „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“

Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“. Настанот е во

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop