Бислимоски: Донесовме одлука за цената на водата врз основа на барањето на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

February 28, 2023
1 min read

Барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на ноември минатата година и ние не сакаме да се натегаме дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни – ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.  

-Имајќи во предвид дека цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Оставаме на Водовод Скопје и нивниот Управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата одлука, а потоа таа треба да се испрати до Советот на Град Скопје, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија.

Верувам, додаде, дека ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат.

-Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат, потенцира Бислимоски.

Прашан што ќе се случи со барањата од другите општини за зголемување на цената на водата рече дека во моментов се разгледуваат.

-Охрид има поднесено барање за зголемување на цената на водата за околу 70 проценти. Тоа го разгледуваме, но кога некој ќе поднесе барање за зголемување на цена од 70 проценти нема реалност. Пред да се поднесе вакво барање треба да се мисли. Ние нема да дозволиме да се зголеми цената за 70 проценти за да може јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода, рече Бислимоски и додаде дека зголемување на цената побарале и Кочани и Ресен. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Христовски: Поради неспособноста на МВР и институциите да се справат со дојавите за бомби, 4 месеци се дозволува некој да си игра со судбините на нашите деца

Следно

Оштетена во земјотресот, црквата Св. Никола во Туркије ја доживеа истата судбина како и пред 151 година

Latest from Blog

ПОМИНАА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА ИСКРА ПАНОВСКА-ДИМКОВА

Законот за македонски јазик не се применува иако беше изгласан уште пред 10 месеци во Собранието, а не е формиран ниту Инспекторат кој треба да врши надзор за примената за законот, рече

Парламентарните групи за соработка како мост за приближување со Чешка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешка. На средбата присуствуваше и чешкиот

Бојко Борисов се повлече: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!

Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој со олеснување ја повлекува својата

Промотивно видео: „Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа“

Македонската триатлон федерација го претстави своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури. -Ова видео ја
Go toTop