Бишевац во Аргумент плус: Очекувам новиот претседател на Врховен суд да донесе подобра состојба во правосудството

May 26, 2025
1 min read

Поранешниот пратеник Сафет Бишевац во Аргумент плус рече дека иако новиот претседател на Врховен суд не е експониран во јавноста сепак се очекува да донесе подобра состојба во правосудството во Македонија.

Според него, со програмата новиот претседател е на добар пат да направи значајни исчекори. 

„Би сакал овие промен да се исчекор во насока каде сите граѓани очекуваат подобра состојба во правосудството и судскиот систм. Останува да видиме, новиот претседател на Врховен суд не е експониран во јавноста за разлика од неговата претходничка. Но од дискусиите знаеме дека станува збор за вреден судија кој во својата пограма наведил работи кои треба да се направат и се надевам дека ќе е исчекор“, рече Бишевац.

Тој зборуваше и за одлуката на Управниот суд да ја поништи одлуката за избор на судијката на Уставен суд, Елизабета Дуковска.

„Заев сопствените интереси ги стави пред интересите на граѓаните. Сега е проблем со судската одлука за друг суд. Ако се дојде до ситуација каде изборот на уставен судија е неважечки тука се доведува во прашање одлукта на Собранието. Ме чуди прво што не верувам во случајности. Не верувам дека тие што ја избирале судијката не знаеле дека го кршат Законот. Зачудува тоа што на Управниот суд им требало две години да донесат таква одлука. Ова не е ништо освен доказ за во каква состојба е македонскто правосудство. Недозволиво е“, додаде Бишевац.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, се сретна со Путин во Москва

Следно

Филипче: Реализацијата на капиталните инвестиции се само околу 20%, власта нема капацитет

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop