Без решение, ниски плати и лоши услови за работа, се жалат вработените во Комунална хигиена Скопје

February 20, 2025
1 min read

-6 години сум тука, немам решение, а некој дошол и за 3-4 месеци добива решение. Ние повеќето немаме земено 6-7 години, вели вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје.

Овој вработен во Комунална хигиена во Скопје, кој побара да не се открива неговиот идентитет, за ТВ21 ги кажа проблемите што според него ги имаат повеќето работници во ова јавно претпријатие. Освен што се жалат на малите плати, велат дека во јануари немале ниту здравствено осигурување, што им направило дополнителни трошоци за одење на лекар.

Вработен: Не ни платија на сите здравствено осигурување овој месец, до 15-ти немавме воопшто, плаќавме приватно.

ТВ21: Дали те чинеше многу?

Вработен: Под 3 илјади денари не беше за дете.

Вработен: Имаме најниски плати од сите фирми. Платата е 25 илјади денари. Воопшто не ни дадоа К15.

Работникот го истакна и недостигот од работни алати и камиони, кои, според него, имаат помал капацитет од оние што се користат за собирање отпад. Зборувајќи за условите за работа, рече дека се принудени да работат прекувремено и за тоа не се платени.

Вработен: Воопшто не одмараме, 4-5 месеци немаме работници, „нон стоп“ сме на работа.

ТВ21: Без слободни денови?

Вработен: Без ниту еден слободен ден!

ТВ21: Дали се дополнително платени?

Вработен: Не, има 16 дополнителни часови месечно, не ни плаќаат повеќе, не!

За загриженоста на овој вработен го прашавме директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми.

-Во текот на изминатата недела беа сервисирани 15 специјални комунални камиони. Ќе направиме напори секој што е вработен преку АПП да добие решение. Висината на платата на вработените е регулирана во согласност со систематизацијата, а Уредбата за плата не ја утврдува директорот на претпријатието, изјави Сабахудин Рустеми, директор на ЈП Комунална хигиена Скопје.

Директорот Рустеми тврди дека сите прекувремени часови им се исплаќаат на вработените редовно, согласно процедурите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дваесетгодишник од Скопје пробал да влезе во Кривичен суд со ножеви и сатар

Следно

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop