Австрија е значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата била потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива за европската перспектива.

Како што информираат од Министерството за финансии, со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст.

Министерот Бесими му посакал добредојде на амбасадорот Памер во земјава и му посакал успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.