Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, нема да се појави во Судскиот совет, каде што е повикана поради пишувањата во јавноста дека се вршат политички притисоци врз судиите, a причината ќе ја образложи преку соопштение.

Претходно, Судскиот совет објави дека се загрижени поради обвинувањата за притисоци на највисоките судии во државата.

„Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко“, истакнаа од Судскиот совет.

Работна средба беше закажана денеска во 11 часот во просториите на Судскиот совет.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.