Бериша: На 11 февруари масовен антивладин протест и почеток на најсилната револуција во историјата

February 1, 2023
1 min read

На 11 февруари во 12 часот ќе биде означен почетокот на најмоќната револуција која Албанија ја познавала во својата историја, изјави лидерот на побројното крило на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, најавувајќи одржување на масовен национален протест.

– На 11 февруари, Албанија ќе маршира кон Тирана, каде ќе бидат преполни плоштадите и улиците, на национален протест каков што во земјата никогаш немала. Го поканувам секој Албанец во Албанија и каде и да е да се приклучи на овој протест против овој режим кој кон Албанците се однесува на најмизерен начин, порача Бериша.

Според него време е опозицијата да проговори до “симнување на оваа гнила власт, до отстранување на овој срам кој нема ниту принцип, ниту норма”.

Искажувајќи поддршка за протестот, лидерот на Партијата на слободата Илир Мета во изјава за медиумите рече дека протестот на 11 февруари ќе биде вистински ураган.

– Бидете сигурни дека оваа влада е одамна соборена, но го корумпираше и уценуваше поранешното раководство на опозицијата. Затоа продолжува како гнилеж кој смрди само на корупција, предавство, антидржавни, антинационални дела. Ништо не е случајно од овие кои произведуваат само сиромаштија, рече Мета.

Ова е последователен антивладин протест на опозицијата предводена од Бериша и Мета. Последниот беше одржан на 6 декември на денот кога во Тирана се одржуваше Самитот ЕУ-Западен Балкан.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пандов: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за чесно и достоинствено да се прослави 4 февруари

Следно

Латвија се закани со бојкот на ОИ во Париз

Latest from Blog

Вучиќ по насилниот упад во Нови Сад: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава, ќе биде процесуиран

Зградата на Ректоратот е под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата. Студентите во блокадата објавија на социјалните мрежи дека има студенти, професори, граѓани и медицински работници се во зградата на

Денеска е Св. свештеномаченик Евтихиј

Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа

Почина Илинденка Петрушева, истражувач на историјата на македонската кинематографија

По кратко боледување вчера почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, истражувач на историјата на македонската кинематографија, публицист и одговорен уредник на единственото филмско списание „Кинопис“. Петрушева долги години беше раководител во Одделението за

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The
Go toTop