Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки

January 11, 2024
1 min read

Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари, бидејќи членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“ објавија дека колективно се откажале од работа поради најавената промена на концептот на неделникот.

Главниот уредник Милан Ќулибрк се повлекува од функцијата, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман што и бил понуден од весникот.

Членовите на колегиумот и редакцијата на неделникот НИН оставките ги доставиле кај новата сопственичка Јелена Дракулиќ Петровиќ. Причина, велат, е најавата за промена на концептот на неделникот и тоа што не се убедени дека ќе можат да работат како досега, бескомпромисно и професионално.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американската и британската црна листа ќе влезат во македонските закони

Следно

Израелската војска соопшти дека во последните 24 часа ранети се 14 војници

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop