Белград: Половина година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“

November 3, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Учениците на белградското Основно училиште „Владислав Рибникар“, каде пред половина година ученик уби девет ученици и чуварот, пуштија бели и црвени балони во училишниот двор во знак на сеќавање на убиените, јавува Анадолу.

На меморијалниот собир со кој се одбележаа шест месеци од масовното убиство, што не беше организиран официјално, туку граѓаните самоиницијативно се собраа, не присуствуваа родителите на убиените деца.

Учениците од Основното училиште „Владислав Рибникар“ и нивните родители, како и граѓани кои сакаа да им оддадат почест на жртвите, почнаа да доаѓаат пред училиштето околу осум часот и 40 минути, во времето кога на 3 мај почна пукањето.

Околу 13:30 часот, учениците, нивните родители и вработените во училиштето излегоа од училишниот двор до блискиот парк на Ташмајдан, каде што засадија дрвја во знак на сеќавање на загинатите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали 2.800 осудени лица кои се на слобода, преставуваат опасност за општеството: Лога бара свикување седница на Советот за безбедност

Следно

Кремљ ги отфрли тврдењата дека Вагнер испорачал оружје на Хезболах

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop