Белград: Подигнато обвинение против родителите на малолетникот кој уби девет соученици

October 10, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Вишото јавно обвинителство во Белград денеска подигна обвинение од 267 страници против Владимир Кецмановиќ, татко на малолетниот К.К. кој на 3 мај уби девет ученици и вработен во обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, јавува Анадолу.

Обвинителството побара казна од 12 години и продолжување на притворот за Кецмановиќ, кој се товари за тешко дело против општата безбедност.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, на прес-конференција изјави дека Кецмановиќ е осомничен дека го обучувал синот да ракува со огнено и воздушно оружје, дека го обучувал и како да стои и дише додека ракува со оружје и да гаѓа во цел.

Кецмановиќ се сомничи и дека оружјето го чувал на непрописен начин во куфери за пренос, а не во куфери за чување оружје.

Стефановиќ наведе дека К.К. наполнил шест рамки со 92 куршуми и ги понел на училиште.

Прво пукал во вработениот на обезбедувањето, двете ученички на клупата за дежурни и во уште едно девојче, а потоа влегол во училница каде што застрелал шест деца и наставничката по историја.

Непосредно е обвинета и мајката на К.К. за недозволено поседување оружје, бидејќи на една чаура од кабинетот по историја била пронајдена нејзина ДНК.

Обвинителството бара таа да биде осудена на две и пол години затвор.

Се бара и затворска казна од три години за претседателот на стрелачкиот клуб и инструкторот поради лажен исказ дека не ја виделе обуката на момчето на стрелиштето каде што К.К. вежбал со неговиот татко.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Граѓаните најдобро ги гледаат цените, Ковачевски да се разбуди од сонот

Следно

Ивор Мицковски: Другари-џедаи му ја земавте работата на Дарт Вејдер и отидовте на темната страна

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop