Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

December 25, 2025
1 min read

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“.

Во образложението на пресудата се наведува дека адвокатот е казнет затоа што до Судот поднесувал приговори генерирани од вештачка интелигенција, кои биле „апсолутно бесмислени“.

– Тие беа некохерентни, целосно ирелевантни и содржеа неважни аргументи, дополнително поткрепени со непостоечка судска пракса и измислени правни извори, се наведуваа во образложението.

Белгиските медиуми посочуваат дека ова не е прв случај на откриено користење на вештачката интелигенција за изработка на службени правосудни документи во Белгија.

Така, пред неколку месеци Апелацискиот суд во Гент открил приговор со „фантастични заклучоци“ генерирани од вештачка интелигенција во случај поврзан со семејното право. Во овој случај, Судот не изрече казна, туку само го отфрли приговорот со образложение дека содржи „грешки и недоследности“.

Претходно овој месец, во Трговскиот суд во Гент адвокат цитирал одлуки на Касацискиот суд и на Уставниот суд на Белгија, кои не постоеле и никогаш не биле донесени, по што е утврдено дека се повикувал на референци измислени од вештачка интелигенција.

Медиумите посочуваат дека праксата на користење на вештачката интелигенција во судовите во Белгија е во почетна фаза, но дека таа е нашироко распространета во САД.

Според белгискиот адвокат специјализиран за дигитално и право поврзано со вештачката интелигенција, Тома Дубисон, многу судии во САД сѐ повеќе се соочуваат со аргументи генерирани од вештачката интелигенција, со што се успоруваат и натрупуваат судски процеси.

– Првично, казните за тоа беа околу сто долари, а сега можат да достигнат и до 25.000 долари, изјави Дубисон за белгискиот радиодифузен сервис РТБФ.

Според него, вештачката интелигенција може да биде корисна алатка за административни обврски или задачи што лесно се автоматизираат, но не треба да го замени правното расудување.

– Вештачката интелигенција има тенденција да халуцинира. Никогаш не треба да се прави „копи-пејст“ на информациите без да се проверат. Треба да се користат традиционални правни бази на податоци што се потпираат на правна доктрина и сигурни извори, додава Дубисон.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шиповиќ: Партијата ни ја украдоа – банда криминалци

Следно

Од Челзи зимава си заминуваат шестмина фудбалери

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop