Белата куќа: Не поддржуваме напади внатре во Русија

July 24, 2023
1 min read

Русија ја обвини Украина дека стои зад напад со беспилотни летала што денеска рано наутро оштети две „нестанбени“ згради во главниот град Москва, од кои едната во близина на седиштето на Министерството за одбрана

Белата куќа соопшти дека на поддржува напади внатре во Русија. Ставот на Белата куќа го пренесе портпаролката Карин Жан-Пјер, одговарајќи на новинарско прашање за двата дрона кои денеска оштетија згради во Москва, за што руските власти го обвинија Киев дека стои зад нападот, пренесува Гардијан. 

Белата куќа / Фото: Архива

 „Ние бевме јасни дека генерално не поддржуваме напади во Русија. Но, исто така бевме многу јасни дека Крим е навистина Украина. Русија ја започна оваа војна и тие можат да ја прекинат. Но, она што ќе го направиме – ќе продолжиме да обезбедуваме безбедносна помош за Украина, како што тоа го правиме повеќе од 15 месеци, додека тие се борат за нивната слобода“,

ја пренесува регионалниот сервис на РСЕ изјавата на портпаролката на Белата куќа. 

Русија ја обвини Украина дека стои зад напад со беспилотни летала што денеска рано наутро оштети две „нестанбени“ згради во главниот град Москва, од кои едната во близина на седиштето на Министерството за одбрана.  

Властите во Москва го нарекоа нападот, во кој нема повредени, дрзок терористички чин и најавија жестоки одмазнички мерки како одговор. 

Украинските власти, како и во претходните случаи на напади со дронови во внатрешноста на Русија и сега не излегоа со коментар на обвинувањата дека стојат зад овој напад.  

Овој инцидент доаѓа по руските ракетни напади врз пристанишниот град Одеса во Украина и уништувањето на катедралата „Преображение“ која е од историско значење. На ова вчера реагираше и УНЕСКО наведувајќи дека се длабоко вознемирени и најостро го осудуваат нападот врз историскиот центар на Одеса. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда за нападот. 

Инаку, ова не е прв пат Москва, според тврдењата на тамошните власти, да биде цел на напади со беспилотни летала од страна на Украина.  

Русија на почетокот на мај, годинава соопшти дека соборила две беспилотни летала кои го нападнале Кремљ и ја обвини Украина дека се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин, иако тој во тоа време не бил во седиштетот на руското претседателство. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Водена бура во Италија – една жена загина, авион оштетен од град принудно слетал во Рим

Следно

Тотенхем ја најде замената за Кејн

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е

Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на
Go toTop