Белата куќа му се заблагодари на Илoн Маск за неговата работа

May 29, 2025
1 min read

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата служба, откако милијардерот објави дека го прекинува своето учество во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот.

„Му благодариме за неговата работа. Му благодариме што го започна Одделот за владина ефикасност, а напорите за намалување на расипништвото, измамите и злоупотребите ќе продолжат“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите.

Таа одби да коментира понатаму за заминувањето на милијардерот кој го критикуваше својот близок сојузник Трамп за прв пат оваа недела.

Маск вчера потврди дека ја завршува својата мисија за намалување на федералните трошоци по четири месеци учество во невиден експеримент.

„Како што мојот мандат како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп што ми даде можност да ги намалам непотребните трошоци“, напиша претприемачот на својата социјална платформа „икс“ вчера.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба „Од ризницата на македонското Собрание“, уметнички архив и сведоштво за поврзаност меѓу уметноста и државата

Следно

Коцевски во 24 анализа: Имаме се што е потребно за утврдување на одговорност на Дејан Јованов Деко

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop