Бектеши за ТВ21: Нема тука да застанеме, целосно сме посветени во зголемување на животниот стандард на нашите граѓани

November 14, 2023
1 min read

реклама


Минималната плата се зголемува и во март ќе изнесува 22.500 денари.

 Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека тоа се должи на недостигот на работна сила, но и на методологијата што Владата ја донесе за просечната плата, што автоматски предизвикува зголемување на минималната плата.

реклама

Тој порача и дека постојано комуницираат со Стопанската комора, а додаде и дека тоа е важно бидејќи има недостаток на работна сила.

„Тоа е многу важно затоа што веќе има недостаток работна сила во нашата држава и веќе автоматски се зголемувааат платите. Дополнително на тоа, тоа произлегува од методологијата која ја воведовме претходната година во делот на инфлацијата и во делот на зголемување на просечната плата, што автоматски треба да се зголеми минималната плата но нема тука да застанеме. Ние целосно сме посветени во делот на зголемување на животниот стандард на нашите граѓани, а паралелно на тоа секако дека и зголемување на продуктивноста на вработените во нашата држава се со цел компаниите да бидат што поконкурентни“, вели Бектеши.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО: За да се осигури безбедноста на лицата во болницата Ал-Шифа во Газа потребно е да прекинат непријателствата

Следно

Вучиќ и Лајчак се сретнаа во Белград

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop