Беким Незири на слобода, но без пасош – Апелација ја прифати жалбата да го пушти од куќен притвор

January 26, 2024
1 min read

 

Апелацискиот суд денеска ја прифати жалбата на Беќим Незири и од домашен притвор го пушти на слобода. Претходно судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, а Кривичниот совет реши за домашен притвор. И вишото обвинителство се согласи со одлуката на Апелацискиот суд.

Апелацискиот суд оцени дека во решенијата не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, се вели во соопштението на Апелација.

 

При одлучувањето овој суд ги имаше предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените, стои во соопштението на Апелација.

И Алмир Рамдедовиќ ќе се брани од дома. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелацискиот суд му ја враќа слободата и му го задржува пасошот.

За пропустите во работата на „2СС“ пишува и во извештајот на Агенцијата за цивилно воздухопловство во кој се бара кривична одговорност.

За останатите осомничени, иако судот првично одреди притвор, потоа кривичниот совет одлучи за домашен притвор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина бара од Иран да ги спречи нападите на Хутите во Црвеното Море

Следно

30-годишна жена нападната од својот вонбрачен партнер

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop