Беџети бара седница за „28 ноември“: Владата да присуствува на расправата за инцидентите на Денот на знамето

December 16, 2024
1 min read

Информацијата којa пратеничката група на Европскиот фронт ја достави до парламентот и до Владата во кое се бара на посебна седница да се дебатира за настаните кои се случија на 28 ноември Денот на албанското знаме да биде ставена на дневен ред на Собранието, побара пратеникот на оваа коалиција Блерим Беџети. На неа, како што истакна тој, треба да присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер Изет Меџити и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Доколку тие не одговорат на ова барање, значи не го почитуваат Собранието, рече Беџети.

-Господин Гаши и вие почитувани присутни кои сте парламентарни мнозинство настаните од 28 ноември бараме тука да се дебатира е оправдано да се дебатира и е потребно да се дебатира за сите овие настани кои се случија тој ден и кога беа приведени многу млади, граѓани на оваа држава и без ниту едно оправдување само со медиумски изјаснувања и пи ар власт, изјави Блерим Беџети од Европски фронт.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на ова барање му одговори дека од Владата се чека да достави одговор и веднаш потоа ќе биде закажана седницата. Гаши и јавно ја повика Владата што поскоро да достави одговор, бидејќи за оваа точка немаат материјал за расправа.

-Вашето барање за информации сме го испратиле до Влада. Очекуваме Владата што поскоро да ни прати информации и врз основа на тие информации, ние веднаш ќе ги ставиме како точка на дневен ред во пленарна седница. Ја поканувам Владата што поскоро да даде одговор, а ние како парламент не можеме да ставиме точка на дневен ред во пленарна седница бидејќи немаме никаков материјал околу тоа што вие го барате, изјави претседателот на Собрание, Африм Гаши.

Во настаните што се случија на 28 ноември на Денот на албанското знаме беше запалено државното знаме, а потоа во друг инцидент беше запалено и албанското знаме. За овие случувања беа приведени 17 лица главно млади, од кои четворица завршија во притвор и тоа тројца за палењето на државното знаме и еден за палење на албанското знаме.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мојсова-Чепишевска во Солун говореше на македонски за Чуповски, Мисирков, Рацин, Шопов, Конески…

Следно

ЕУ да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, а не на билатерални спорови, порача Мицкоски

Latest from Blog

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено
Go toTop