Беџети: Артан Груби не е дел од ДУИ! – Дали ДУИ ќе се огради и од Рамиз Мерко?

December 21, 2024
1 min read

Неодамна во „Daily Click“ на ТВ21, Блерим Беџети од ДУИ изјави дека поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби повеќе не е дел од партијата. Оваа изјава на Беџети дојде откако Груби беше ставен на американската црна листа, а потоа и лично донесе одлука да се повлече од политичкиот живот.

„По тој момент, Артан Груби се повлече од јавниот живот. Секако, има и информации дека претходно имало таква одлука во партиските органи и се повлекол од секое тело и улога и всушност не е дел од ДУИ по таа одлука“, изјави Беџети на ТВ21.

Меѓутоа, од редот на интегралистите, американскиот Стејт департмент веќе претходно го стави на црната листа и Рамиз Меркон. Тогаш во ДУИ беше донесена одлука за прекин на партиските активности.

„ДУИ бара институциите веднаш да отворат сеопфатна истрага за господинот Рамиз Мерко, за сите можни тврдења и информации кои произлегуваат од оваа одлука на САД. Под два, ДУИ ја прифаќа одлуката на г. Мерко да го замрзне неговото членство во Претседателството и Генералниот совет на ДУИ, до завршување на истрагата, а под три, ДУИ ја прекинува партиската изборна активност во струшкиот огранок, до нови услови за нивно организирање“, изјави тогаш Бујар Османи.

Оттогаш ДУИ не се огласи за конечната одлука за Мерко, а тој е виден на неколку настани организирани од интегралистите.

Потсетуваме дека како Мерко, на црната листа на САД е и поранешниот пратеник на ДУИ, Џеват Адеми, кој продолжува да биде дел од партијата предводена од Али Ахмети.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш

Следно

Марк Одермат славеше во Вал Гардена

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop