Бебешки еднократни пелени – Невладини: Државата да ги рефундира кај сиромашните семејства

January 13, 2025
1 min read

Високите цени на бебешките пелени за еднократна употреба и зголемувањето на сиромаштија кај самохраните родители, обедини педесетина невладини организации кои преку петиција бараат од Владата и ресорното Министерство за социјална политика, демографија и млади да побараат државата да ги рефундира овие трошоци. Велат, има наплив од барања за помош и веќе невладините не можат во потполност да помагаат.

„Ние работиме со 10 до 15 илјади случаи низ Македонија јас отворено ви кажувам дека бебешката исхрана, бебешките пелени, цените се зголемија за 100 до 150 посто и една самохрана мајка не може да го издржи тој товар и мора државата веќе конечно да излезе во пресрет на оваа петиција, на оваа ситуација.“, додава Владимир Чолаковски.

Според Чолаковски, само во скопскиот регион во моментов има над 100 барања за помош во бебешки пелени за еднократна употреба. Ако се прифати петицијата, која би требало да опфати не само самохрани, туку и социјално загрозени семејства со новороденчиња, би се формирала комисија во која би биле претставници на владата и на невладините кои ќе ги разгледуваат барањата и би решавале кој би можел да ја користи помошта. 

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски вели дека во моментов нивниот систем за социјална заштита не препознава самохран родител, туку сите се водат како социјално загрозени семејства. Смета дека петицијата ќе биде можност да се унапреди системот за да може подобро да ги препознава потребите на граѓаните.

„Ќе ја разгледаме секоја иницијатива која ќе биде пристигната и се што е возможно да биде дел од системот. Секако зависи и во даден момент кога ќе се имплементира и од финансиски средства и слично, меѓутоа како иницијативи е добро да ги имаме за да може да разговараме на конкретни теми како што е оваа.“, вели Ѓоко Велковски.

Инаку, според последните податоци на Заводот за статистика, во 2021 година дури половина од самохраните родители со издржувани деца се сиромашни. Односно ако е самохран родител и едно дете, тие живеат со максимум 13.000 денари месечно. Според истражувања на невладини организации, дури 80 отсто од самохраните родители се жени.  

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одете в театар, ве очекува „Замисли нов свет“ според Горан Стефановски во МНТ

Следно

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со германската амбасадорка Дреклсер

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop