Барселона го отпушти Чави

May 24, 2024
1 min read

Тренерот на Барселона Чави Ернандез доби отказ, соопштија Каталонците.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја дозна својата судбина по состанокот со претседателот на клубот Жоан Лапорта претходно денеска. На средбата присуствуваа и останатите челници во клубот.

Четириесет и четири годишниот Чави ќе ја предводи Барселона на неделниот меч со Севиља, кој ќе биде последен за него.

Чави ја презеде тренерската функција во Барселона на крајот на 2021 година, заменувајќи ја другата легенда на Каталонците – Роналд Куман.

Тој го предводеше тимот до титулата во сезоната 2022/23, а во есента минатата година потпиша нов договор до летото 2025 година.

На почетокот на оваа година тој најави дека ќе го напушти клубот, но потоа беше разубеден токму од Лапорта и реши да остане. Сепак, односите меѓу двајцата повторно се влошија во последните недели, што доведе до разделба меѓу двете страни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката

Следно

САД и ЕУ започнаа заеднички механизам за зајакнување на интегритетот на информациите во Западен Балкан

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop