Бандиловска: Јазикот не го губиме надвор, туку дома

January 21, 2025
1 min read

Измина цела година откако во јануари 2024 беше донесен Законот за употреба на македонскиот јазик.

Законот кој наиде на поддршка од македонистите и лингвистите и кој требаше да придонесе за унапредување на македонскиот јазик до ден денес не се спроведува.

Во изјава за Трн.мк проф. д-р Елизабета Бандиловска, остро реагира на непочитувањето на Законот, оценувајќи дека проблемот започнува уште од градинките, продолжува во образовниот процес, а кулминира во јавните институции. „Сè уште не се почитува јазикот во таа официјална форма во која треба да се почитува, на ниту едно ниво – ни за наставници, ни за новинари, ни за пратеници,“ вели Бандиловска.

Според неа, најголемите предизвици за македонскиот стандарден јазик е тоа што сè помалку е присутен и почитуван во јавниот дискурс. Наставниците и професорите често зборуваат на дијалект, дури и во градинките, што значително влијае на јазичната писменост на децата. Голем број од студентите што завршуваат на педагошките факултети немаат доволно квалитет за да бидат носители на јазичната култура. „Јазикот не го губиме надвор – го губиме дома,“ предупредува Бандиловска, посочувајќи дека англискиот јазик доминира во јавниот и образовниот простор.

Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува вработување на лиценцирани лектори во сите јавни институции, потоа формирање на Инспекторат, доделување стипендии за студирање македонски јазик, отворање на нови лекторати, како и Национална стратегија за македонскиот јазик, но ништо од тоа до овој момент не е реализирано.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски- Спиро: Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот- мора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда

Следно

Пратениците ги отфрлија амандманите од СДСМ и Левица поднесени за Законот за заштита на децата

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop