Балотели потпиша за 13-тиот клуб во кариерата!

January 7, 2026
1 min read
ФОТО: Adana Demirspor Kulübü/FB

Марио Балотели има нов клуб. Супер-Марио кој некогаш важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот, својата кариера ќе ја продолжи во С. Арабија. Тимот на АЛ – Итифак е негов 13-ти клуб во кариерата.

Фудбалската пауза на Марио Балотели се чини дека заврши. Контроверзниот 35-годишен напаѓач, кој е без клуб откако му истече договорот со Џенова во јуни 2025 година, потпишал за Ал-Итифак од Саудиска Арабија. Поранешниот италијански репрезентативец го одигра својот последен официјален натпревар во декември 2024 година, а неговото време во Џенова беше обележано со судир со тренерот Патрик Виеира, што доведе до негова суспензија дури и пред да му истече договорот, објави „Скај Спорт Италија“.
Балотели потпишал договор со Ал-Итифак до јуни 2028 година. Во соблекувалната ќе го пречекаат некои познати имиња како што се Џорџинио Вијналдум, Џек Хендри, Муса Дембеле и поранешниот играч од средниот ред на Верона, Ондреј Дуда.
Со тоа, тој играл во дури шест различни земји: Италија, Англија, Франција, Швајцарија, Турција и сега Саудиска Арабија.
Во исто време, ова е неговиот 13-ти клуб во кариерата. Досега играл за Лумецане, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиќна честитка од ВЛЕН: Нека празникот донесе здравје и благосостојба

Следно

Видео-фото: Пожарникар од Босна влезе во ладната Дрина и го „запали удавениот Голф“

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop