Балоните на топол воздух по 6 дена повторно на небото над Кападокија

November 27, 2024
1 min read

НЕВШЕХИР (АА) – Балоните на топол воздух, кои летаат во просек 220 дена во годината, кога временските услови се поволни, над долините покриени со самовилски оџаци и природни карпести формации, од 21 ноември до денес не беа во можност да полетаат поради неповолните временски услови во регионот.

Откако запреа снежните врнежи што започнаа викендов, балоните во подрачјето на градот Ѓореме, во турската област Невшехир, во утринските часови, еден по друг почнаа да се издигнуваат на небото овозможувајќи им на туристите несекојдневна слика на Кападокија прекриена со снег.

Десетици балони со топол воздух придонесоа во збогатувањето на колоритот на глетката над долините прекриени со снег.

Балоните, кои на моменти исчезнуваа и повторно се појавуваа одвреме-навреме поради маглата што ја имаше на големите височини, летаа на температура од минус 8 степени.

Британскиот турист Раџер Херберт, кој беше дел од турата со балон, рече дека веќе 4 дена е во посета на туристичките области во Кападокија и додаде дека го продолжил својот престој за да може да учествува во турата со балон на топол воздух.

Херберт изрази возбуденост што ќе има можност да се издигне на небото над Кападокија со балон.

Анџелина Лерој за Кападокија рече дека поседува уникатна глетка и дека е среќна што може да биде дел од прошетката со балон над Кападокија која долго време ја посакувала.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Теодор Величковски ја презема титулата младински првак во снукер

Следно

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop