Бајрам Вардар со турски експерти го креира Мастер планот за развој на Чаир

September 3, 2025
1 min read

Еден реномиран тим експерти од Турција, предводен од Бајрам Вардар, веќе се наоѓа во Чаир и има започнато теренска работа на изработката на Мастер планот за развој, во рамки на програмата на кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити.

Со длабоко искуство во урбанистичко планирање, архитектура и управување со простор, овие професионалци интензивно работат на креирање на една модерна, функционална и одржлива визија за иднината на општината Чаир.

Во составот на експертскиот тим се вклучени неколку од најпочитуваните имиња во своите области, како:

Надир Доган, урбанист со диплома од Универзитетот „Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş., познат по голем број урбанистички проекти во градови како Истанбул, Бурса, Коџаели и Трабзон. Тој е експерт за просторно планирање и урбана трансформација.

Д-р Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, со магистратура на University of Missouri (САД) и докторат во областа на урбанизмот. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата Saydam Tasarım, со повеќе од 800 меѓународни проекти во областа на архитектонски дизајн и визуелизација.

Заедно со други експерти од Турција и домашни професионалци, овој тим работи на изработка на сеопфатен Мастер план за развој, кој има за цел да ја позиционира Чаир како пример за одржлив урбан развој во регионот.

Овој конкретен чекор е силен доказ за сериозноста и визијата што ја носи кандидатурата на Изет Меџити за градоначалник на Чаир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите за спорт од регионот во Скопје: стартува Регионалниот спортски саем

Следно

Ѓорѓиевски вечерва во Карпош: „Време е за реални промени во Скопје“

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop