Бајрактар ​​ТБ3 ПТ-3 успешно го заврши својот прв тест за истрелување муниција

January 18, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот производител на беспилотни борбени летала (UCAV) Бајкар денес објави дека неговиот модел Бајрактар TБ3 PT-3 успешно го извршил својот прв тест за гаѓање со муниција и прецизно ја погоди целта во првиот тест на гаѓање со муниција МАМ-Т на РОКЕТСАН, известува Анадолу.

Во соопштението што го објави турсакта одбранбена компанија Бајкар, беспилотното летало Бајрактар ТБ3 започна со тестови за интеграција на муниција, оставајќи зад себе нова пресвртница во процесот на развој.

„Нашите крилја стануваат посилни!“, објави турската одбранбена компанија Бајкар на платформата X, по тестот за пукање со муниција МАМ-Т на Рокетсан, што резултираше со директен погодок.“

Беспилотното летало Бајрактар ТБ3 полета вчера од Центарот за обука и тестирање на летови Бајкар во областа Кешан во Едрене со две муниции МАМ-Т развиени од РОКЕТСАН.

Бајрактар ТБ3 кој полета за да спроведе тест за гаѓање, ја погоди назначената цел со целосна точност во првиот истрел што го направи со електро-оптичкиот систем за извидување, надзор и таргетирање АСЕЛФЛИР-500 развиен од АСЕЛСАН. Вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ3 ќе продолжи со тестовите за интеграција на носивост и муниција во рамките на развојниот процес според утврдениот распоред за тестирање.

Беспилотното летало Бајрактар ТБ3, најновото борбено беспилотно летало на Бајкар, претходно го имаше своето јавно деби на врвниот технолошки настан во Туркије, ТЕКНОФЕСТ, на 2 октомври 2024 година

Вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ3, развиен на национално ниво и оригинално од Бајкар, успешно полета од кратката писта на ТЏГ Анадолу со рампа под агол од 12 степени на 19. ноември 2024 година.

Беспилотно летало Бајрактар ТБ3, кој изведе историски 46-минутен пробен лет на точката на средба на Егејското Море и Медитеранот, за првпат во светот успеа успешно да слета на истата кратка писта без употреба на опрема за поддршка при слетување.

Вооруежниот Бајрактар ТБ3 успешно ги продолжи тестовите на бродот и успешно слета и полета уште два пати без употреба на опрема за поддршка за слетување во вториот тест за летање спроведен на бродот ТЏГ Анадолу што пловел крај брегот на Чанаккале. Откако успешно ги изврши тест параметрите, националното беспилотно летало успешно го заврши и тестот, летајќи на просечна височина од 20.000 стапки.

Бајрактар ТБ3 има извршено над 700 часови лет во тестови, вклучително и 32-часовен континуиран лет, минувајќи 5.700 километри.

Водечките беспилотни летала на Бајкар, вклучувајќи ги Бајрактар ТБ2 и Акинџи, се широко признати на глобалниот одбранбен пазар благодарение на нивната технолошка иновација и оперативна ефикасност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските ракометари нема да тренираат денеска, треба да се собере енергија

Следно

Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop