Бајден за дебатата: Бев исцрпен, тоа беше лоша ноќ

July 6, 2024
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Еј-Би-Си Њуз за неговиот настап на дебатата повтори дека имал лоша ноќ и им кажа на гласачите дека ќе се бори во трката во 2024 година и покрај повиците да се пензионира.

Бајден го даде интервјуто откако одржа жесток говор пред толпа луѓе во Медисон, Висконсин, дека некои демократи се обидуваат да го принудат да излезе од трката по неговата дебата против републиканецот Доналд Трамп.

Бајден наведе „навистина лоша настинка“ како причина за неговото пелтечење на дебатата и исцрпеност по две патувања во Европа.

– Бев исцрпен. Не ги слушав моите инстинкти во однос на подготовката. Тоа беше лоша ноќ, изјави тој.

Бајден рече дека бил малку расеан од говорот на Трамп кога неговиот микрофон бил исклучен за време на дебатата.

– Дозволив тоа да ми пречи. Сфатив дека едноставно немам контрола, рече тој.

На прашањето дали поминал одреден когнитивен тест, Бајден рече дека не поминал и „никој не рече дека морал“.

На прашањето дали би се подложил на таков тест, тој рече: „Видете, јас имам когнитивен тест секој ден како претседател“.

– Ако се уверите дека не можете да го победите Доналд Трамп, дали ќе се повлечете? го праша водителот пред крајот на интервјуто.

– Зависи, зависи од тоа ако семоќниот Бог дојде и ми каже, можеби ќе го направам тоа, рече Бајден.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешки денови за ЖРК Будуќност од Подгорица

Следно

Четврто Собрание на Алијансата на Албанците

Latest from Blog

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап
Go toTop