Бајден: Украина се уште не е подготвена за влез во НАТО

July 9, 2023
1 min read

Претседателот на САД, Џо Бајден, во интервју за Си-ен-ен, изјави дека прво треба да заврши руската агресија пред Алијансата да размисли да ја прими Украина во своите редови. „Украина сè уште не е подготвена за членство во НАТО“, порача Бајден

Бајден, во пресрет на неговата европска турнеја и учеството на НАТО самитот во Литванија, најавува дека прашањето за украинското приклучување кон Алијансата ќе биде отворено на собирот.

Фото: Си-ен-ен

„Не мислам дека има едногласност во НАТО за тоа дали Украина треба сега да влезе во Алијансата, токму во период кога е во војна. На пример, ако го направивте тоа, тогаш знаете дека НАТО има преземено обврска дека нема да отстапи ниту педа од територија која е во Алијансата. Тоа е обврска која сите ние ја презедовме, без разлика на се. Ако војната трае, тогаш сите сме во војна. Тогаш ние би биле во војна со Русија“,

изјави американскиот претседател.

Бајден објаснува дека иако прашањето за членство на Украина во НАТО се уште е далеку, САД и Сојузниците ќе продолжат со воената поддршка за Киев за одбрана од Русија.

„Мислам дека треба да поставиме рационален пат за Украина да може да се квалификува за влез во НАТО. Но, мислам дека е прерано да се каже, да се повика на гласање сега, бидејќи има други критериуми кои треба да се исполнат, вклучително и демократизација на земјата“,

рече Бајден, повторувајќи дека ги одбил барањата на рускиот претседател Владимир Путин, упатени пред војната, Украина да не стане дел од Алијансата.

Во петокот администрацијата на Бајден се согласи на Украина, како дел од пакетот воена помош, да и достави касетна муницја, чекор кој го криткуваа неколку влијателни сојузнички на Вашингтон.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТРАНСФЕР БОМБА: Бонучи пред трансфер во Њукасл

Следно

Медиуми: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Latest from Blog

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат
Go toTop