Бајден: Путин веќе ја изгуби војната во Украина

July 13, 2023
2 mins read

Русија не може да ги одржува своите ресурси толку долго, а Путин веројатно на крајот ќе одлучи дека тоа не е во интерес на земјата ниту економски, политички или во некоја друга смисла, вели американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека војната во Укарина не би требло да трае со години и додава дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја изгубил војната, прнесува Си-ен-ен.

Бајден ова го изјави на прес-конференцијата во Хелсинки со неговиот фински колега Саули Ниинисто.

„Нема шанси да ја добие војната во Украина. Тој веќе ја изгуби таа војна“,

рече Бајден.

Тој додаде дека Русија не може да ги одржува своите ресурси толку долго, а Путин веројатно на крајот ќе одлучи дека тоа не е во интерес на земјата ниту економски, политички или во некоја друга смисла.

Тој исто така рече дека нема голема веројатност Путин да употреби нуклеарно оружје за да ја подобри својата позиција на линијата на фронтот по неуспешниот бунт на групата Вагнер.

Си-ен-ен денеска пренесува дека украински генерал потврдил оти Украина добила контроверзна касетна муниција од САД.

„Само што го добивме. Сè уште не сме го користеле, но може радикално да ја промени ситуацијата на бојното поле. И непријателот знае дека ќе имаме предност со ова оружје. Ова е многу моќно оружје, повисоките власти ќе одлучат каде ќе го користиме“, .

рече генералот Олександар Тарнавски

Тарнавски нагласи дека нема да се користи касетна муниција во густо населените области, дури и ако тие се окупирани од руските сили. САД објавија дека добиле писмена гаранција дека Украина нема да го користи ова оружје во населени места и дека операциите за деминирање ќе бидат извршени по завршувањето на војната.

„Русите мислат дека ќе го користиме во сите области на линијата на фронтот. Тоа во никој случај не е точно. Но, тие се многу загрижени“,

рече генералот.

Џејк Саливан, советник за национална безбедност на САД, во вторникот рече дека снабдувањето со касетна муниција е привремено и штом производството на ракети ќе достигне ниво што може да ги задоволи потребите на Украина, тогаш нема да има потреба да се испраќа дополнително касетно оружје.

Саливан, кажа дека одлуката Бајден ја донел по едногласна препорака од целиот тим за национална безбедност.

Русија, наведе Саливен, користи касетна муција од почетокот на војната, а Украина ја бара за да се одбрани од руската агресија. Но, според него, има разлика.

Касетната муниција, често наречена и касетни бомби, претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција, се дел од последниот пакет помош што САД ќе ѝ го испратат на Украина.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу рече дека доколку касетните бомби пристигнат во Киев и им се стават на располагање на украинските војници, тогаш Русија ќе биде принудена да користи слични средства против украинската армија на бојното поле.

Тој вели дека Русија во свој посед има касетни бомби кои ги чувале „за секој случај“, но сега, со одлуката на САД, ќе мораат да вратат со исти мерки, иако досега се воздржувале поради опасноста што ова оружје ја има врз цивилното население.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија ЃП загуби од РФС

Следно

Шкупи со убедлив триумф на гостувањето во Литванија

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop