Бајден ќе се сретне со кралот Чарлс, ќе зборуваат за климатските промени

July 7, 2023
1 min read

Претседателот на САД Џо Бајден ќе се обиде да ги зајакне односите со Обединетото Кралство за време на неговата прва посета на новиот крал Чарлс, а тема на разговор меѓу другото ќе бидат и климатските промени, пренесува „Гласот на Америка“.

Средбата ќе се случи на 10 јули, а целта е да се зајакне врската меѓу двете нации пред самитот на НАТО кој би можел да го одреди текот на конфликтот во Украина.

„Претседателот со големо нетрпение го очекува ова. Како што знаете, Обединетото Кралство е наш најсилен сојузник, на толку многу начини, на толку многу нивоа“

изјавил за „Гласот на Америка“ Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Фото: Тајмс

Бајден ќе се сретне и со премиерот Риши Сунак со кој тема на разговор ќе биде војната во Украина, а ќе се разговара за еколошките предизвици со монархот, кој беше ран застапник за климатските активности, додава „Гласот на Америка“.

Лондон е првата станица на патувањето на Бајден во три земји, кое започнува в понеделник. Тој потоа ќе замине во Вилнус, главниот град на Литванија, на самитот на лидерите на НАТО, а потоа во Хелсинки, главниот град на најновата членка на НАТО, Финска.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Не сум целосно сигурен во безбедноста на мостот „Беласица“- ниту дали се направени сите неопходни истражувања, вели деканот Марковски

Следно

„Бектеши како портпарол на кланот Зајас и запознаен со имотната состојба на Ахмети, да каже кога очекуваат да стартува инвестицијата на 60MW фотоволтаична централа“

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop