Бајден: Израел мора да дозволи помош за Палестинците без одлагање

April 24, 2024
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден денеска повика да се дозволи новата хуманитарна помош веднаш да стигне до Палестинците во Појасот Газа додека Израел, клучниот сојузник на САД, се бори таму со Хамас.

„Веднаш ќе ја обезбедиме таа помош и ќе ја зголемиме… вклучително и храна, медицински материјали, вода“, рече Бајден по потпишувањето на  законот за воена помош за Израел и за Украина, кој вклучува и милијарда долари хуманитарна помош за Газа.

„Израел мора да се погрижи сета оваа помош да стигне до Палестинците во Газа без одлагање. Со ова значително ја зголемува хуманитарната помош што ја испраќаме до невините луѓе во Газа кои тешко страдаат“, рече Бајден.

Тој додаде дека „тие ги трпат последиците од оваа војна што ја започна Хамас“.

„Ние напорно работиме со месеци за да обезбедиме што е можно поголема помош за Газа“, истакна Бајден. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српското МВР уапси 17 лица, кои печателе лажни дипломи, па вработувале во државна служба

Следно

Кузеска: Уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop