Бајден е од страната на етничкото чистење во Газа

March 25, 2024
1 min read

„Лесно е да се впери прстот кон Израел, земјата која спроведува блокада на 2,3 милиони жители на Газа, од кои половината се деца. Обидувајќи се да го погледнам ова прашање од секој агол, дојдов до заклучок дека претседателот Џо Бајден, за кого сум организирал собирање донации и сум работел за да биде избран во 2020 година, ја има благословено крајната цел на Израел – етничкото чистење на Палестинците во Газа“.

Администрацијата  на Бајден не само што ја дозволува нечовечната блокада одбивајќи да ја осуди, таа активно ја подржува израелската политика да го елиминира Хамас без оглед на бројот на палестинските жртви.

Блинкен упорно се обидува да го рационализира апсурдот, од една страна САД да продолжи да го товари Израел со оружје а од друга, да се претставува дека ги предводи меѓународните напори за прекин на огнот кои Израел ги минира.

Израелската војна веќе одзеде преку 31.000 палестински животи.

Она што денес се случува во Газа, немаше да биде можно без десетиците илјади бомби и наведувачки ракети кои САД ги пратија после седми октомври. Администрацијата на Бајден има организирано преку 100 трансфери на оружје до Израел од кои преку Конгресот минаа само два, користејќи разни механизми да го маскира размерот и фреквентноста на доставата на оружје.

Истовремено, ја паузираше помошта за Агенцијата на ОН (UNRWA), која е најголемото тело за помош во Газа а е таргетирано од Израел со непоткрепени обвинувања дека нивни вработени учествувале во терористичкиот напад од седми октомври.

Сенаторот Крис Ван Холен ваквите обвинувања ги нарече „чисти лаги“ а Европската комисија, Канада, Австралија, Шведска, го продолжија финансирањето на УНВРА. Не и САД кои наместо тоа, приредуваат скап, ризичен и неефикасен политички театар дека самите директно им помагаат на цивилите со што му оставаат простор на Израел да продолжи со блокадата.

Без разлика дали актуелната американска политика е намерно таква или е само знак дека власта е наивна или некомпетентна, Амед Кан верува дека стотици илјади гласачи на Бајден веќе имаат дојдено до логичниот заклучок: Не можеш да тврдиш дека си загрижен за палестинските животи а истовремено активно да учествуваш во нивното истребување.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ДИК го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Следно

Кога се прават кардио вежби – пред или после кревање тегови? Одговорот е повеќе од логичен

Latest from Blog

Министерство за финансии: Собранието усвои ново законско решение за игри на среќа – засилена контрола и повисоки стандарди за приредувачите

 јуни 2026, Скопје –  Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.  

Проданоски: Институциите во Прилеп се целосно подготвени за справување со пожари

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за

Над 38,8 милиони денари промет на Македонската берза, индексот МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.535,52 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници
Go toTop