Бајден: Да не беше Трамп, не сум сигурен дека би се кандидирал за изборите во 2024 година

December 6, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не е сигурен дека би се кандидирал за уште еден мандат во Белата куќа доколку неговиот претходник Доналд Трамп не би му бил противник, јавува Анадолу.

„Да не се кандидираше Трамп, не сум сигурен дали би се кандидирал. Но за доброто на земјата не можеме да му дозволиме да победи“, изјави Бајден пред демократските донатори за време на собирањето средства за неговата кампања во 2024 година во Бостон.

Бајден во таа пригода изјави дека демократијата е „во поголема опасност во 2024 година отколку што била на изборите во 2020 година, на кои победи Трамп, додавајќи дека се натпреварува против главниот негатор на изборите“.

„Трамп веќе не ја ни крие топката“, рече Бајден, додавајќи дека Трамп и неговите МАГА-републиканци (МАГА-Направете ја Америка повторно голема) се решени да ја уништат американската демократија.

Неговите изјави следуваа откако Трамп, говорејќи на предизборниот настан во Ајова во саботата, го нарече Бајден „уништувач на американската демократија“.

„Џо Бајден не е бранител на американската демократија. Џо Бајден е уништувач на американската демократија. Тоа е тој и неговите луѓе. Тие се уништувачи на американскиот сон. Американскиот сон е мртов со нив на власт“, ​​смета Трамп.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дожд и снег утре, за викендот стабилно и потопло

Следно

Ковачевски: Расчистувањето на грозоморните убиства е доказ за важноста на меѓународната соработка со партнерите

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop