Баерн за малку ќе ја искомпликуваше сигурната победа против Аугзбург

August 30, 2025
1 min read
фото: Bayern (X)

Фудбалерите на Баерн Минхен тесно славеа на гостувањето против Аугзбург со 3:2 во натпреварот од второто коло од германската Бундеслига.

Баварците водеа со убедливи 3:0, но им дозволија на домаќините да се вратат во играта и ја направија завршницата крајно возбудлива. Сепак, на крајот, избраниците на тренерот Винсент Компанија освоија три бода на тежок натпревар на гостински терен.

Баерн поведе во 28-та минута со голот на Серж Гнабри по асистенција на Хари Кејн, а водството на гостите го дуплираше Колумбиецот Луис Диаз во судиското продолжение од првото полувреме.

Актуелните шампиони со голот на Олисе во 48-та минута поведоа и со 0:3, но упорниот домаќин успеа да се врати во живот. Прво, во 53-тата минута, Хрватот Кристијан Јакиќ намали на 1:3, а потоа Аугзбург со голот на Мерт Комуро дојде и до 2:3. До крајот Баварците ја задржаа својата предност и освоија нови три бода.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Споменикот на Турунџев официјално вечерва ќе биде откриен во Битола

Следно

Камионџиите од Босна и Херцеговина ќе ги блокираат граничните премини од 1 септември

Latest from Blog

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop