Баерн не е сигурен за потписот на Кејн

January 26, 2023
1 min read

Управата на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен не верува дека клубот може да го реализира трансферот на Хари Кејн во летниот преоден рок.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, Баварците не се сигурни дека самиот играч е подготвен да се пресели во Бундеслигата, бидејќи тој во неколку наврати изјавил дека сака да продолжи да игра во Премиер лигата.

Кејн сака да стане најдобар стрелец во историјата на шампионатот на Англија. Напаѓачот сега е на 62 гола од рекордот на Алан Ширер.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Спарс истекува за година и пол.

Пред неколку дена, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте рече дека Кејн е легенда на клубот и би сакал да му помогне да освојува трофеи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Русите истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина

Следно

Скопјанец осомничен дека тешко повредил жена и ја држел заклучена

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop