Баерн Минхен испратил „навредлива и срамна“ понуда, клубот целосно ја игнорирал!

September 3, 2025
1 min read

Откако ја вратија титулата во Бундеслигата во своите витрини минатата сезона, баварскиот гигант донесе вкупно четири нови играчи.

Луис Дијаз, Џонатан Та и Николас Џексон, меѓу другите, пристигнаа во Минхен, но еден играч не дојде во Баерн.

Дури и трансферот на Џексон речиси пропадна во последните часови откако Лиам Делап од Челзи се повреди. Сепак, трансферот на крајот беше договорен, а Џексон ќе биде главен конкурент на Хари Кејн во следната сезона.

Баерн сакаше да доведе уште еден напаѓач, но не можеше да го стори тоа по заминувањето на Лерој Сане, Томас Милер и Кингсли Коман.

Многу се пишуваше за фактот дека Баерн е заинтересиран за крилниот напаѓач на Аталанта, Адемола Лукман, кој постигна три гола во финалето на Европската лига во 2024 година против Леверкузен.

Во текот на летото Лукман беше поврзуван со заминување од Аталанта, тој тренираше сам и подалеку од тимот, особено откако Интер покажа интерес за него.

Баерн испрати понуда за позајмица кон крајот на преодниот рок со опција за откуп на крајот од сезоната за 28 милиони евра, но според Романо, Аталанта дури и не ја разгледала таа понуда.

Се тврди дека немало отфрлање на понудата, туку дека таа едноставно била игнорирана.

Немало шанси за постигнување договор под тие услови бидејќи наводната цена што Аталанта ја бара за својот играч е 50 милиони евра. Таква понуда не стигнала до нивна адреса ова лето, а Лукман е сè уште играч на овој клуб.

Галатасарај и Фенербахче исто така покажаа интерес за него, а можеби ќе го доведат, со оглед на тоа што преодниот рок во Турција трае до 12 септември.

Романо, од друга страна, тврди дека Лукман нема намера да ја продолжи кариерата во Турција и дека тоа не е опција за него.

Лукман има договор со Аталанта до 2027 година и е вклучен во тимот на играчи на кои смета Иван Јуриќ во Лигата на шампионите.

Поранешниот играч на Евертон, Фулам и Лестер постигна 52 гола на 117 натпревари одиграни за Аталанта.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски изврши увид: Почнува реконструкција на улиците „16-та“ и „Даме Груев“

Следно

За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop