Бадникови поворки во сабота на градскиот плоштад во Скопје и во останатите градови

January 4, 2024
1 min read

реклама


Под слоганот „Почуствувај радост“ и оваа година традиционално ќе се одржат Бадниковите поворки. Празнувањето на Бадник ќе се одржи во сабота, 6 јануари на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, но и во останатите градови и населени места во државата.

Како што објавија од Здружението „Бадникови поворки“ на нивната фејсбук страница, најпрвин во 11 часот на Градскиот плоштад во Скопје ќе биде доделена Златна ѕвезда за секое дете кое ќе учествува, а потоа ќе се одржи златен концерт со Златните славејчиња и македонските поп-ѕвезди – Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Пере (Нокаут).

реклама

По краткиот концерт, како што информираат, ќе ја оформат најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски” каде што традиционално сите коледарчиња ќе бидат пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

Истовремено, бадниковите поворки ќе се одржат и во останатите градови и населени места во државата.

реклама

-И во сите останати градови и населени места во Републиката, на 6-ти јануари ќе ечи „Вечниот Бог”. Децата како симбол на Ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање! Зарем се пропушта вакво нешто, Сите во поворка!, велат од Здружението.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека и оваа година Општината дава поддршка на манифестацијата и ги повика сите деца да се приклучат на бадниковите поворки.

реклама

-Збирно место е црквата „Св. Јован Крстител” во 9:00 часот од каде што сите дечиња ќе се упатат кон општинската зграда, а јас како градоначалник ќе ги пречекам и ќе ги дарувам дечињата со божиќно пакетче, напиша Костовски на Фејсбук.

За таа цел, како што посочува, Општина Бутел организира автобуски превоз за сите деца. Автобусот поаѓа во 8:45 часот од СРЦ „Македонија”.

-Да ја продолжиме Божиќната магија во општина Бутел и оваа година!, се вели на фејсбук страницата на градоначалникот.

И Општина Гази Баба се приклучи кон организирање на Бадниковите поворки.

-Традиционално и оваа година, како градоначалник на општина Гази Баба се приклучувам на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ. За таа цел во сабота во просториите на општината ќе ги пречекам сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки на плоштадот Македонија во Центар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа од Нова Колонија и од Црешево.

Во Битола собирно место за Бадниковата поворка е пред Офицерскиот дом во 11 часот.

На Фејсбук страната на Бадниковите поворки се објавени местата каде што ќе се собираат дечињата во сабота на 6 јануари во повеќе општини во земјата.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Заборавиле дека има Закон за празници: Министерството за труд и социјала и посочило на Владата дека седми и осми јануари мора да се неработни денови

Следно

Тасевски од М-НАВ: Граѓаните засега не треба да се плашат да летаат со авион

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел
Go toTop