Бачовска Недиќ: Зошто млад човек да се двоуми за врски кога гледа како се избегнува казна и за испокраден буџет

May 12, 2023
2 mins read

Универзитетската професорка беше гостинка во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“ во која презентиравме дел од истражување на јавното мислење на тема „ситна корупција“, кое за наши потреби го спроведе „Тим институтот“. Резултатите од анкетата, меѓу другото, покажаа дека младите многу побрзо и полесно бараат пријател или се обидуваат да ја избегнат казната во критични ситуации отколку повозрасните, кои се посклони да поставуваат според правилата

Кога младите гледаат како луѓе што го ограбиле буџетот избегнуваат затвор и покрај судски пресуди, тогаш е очекувано што голем дел од нив се подготвени да се „снајдат“ во ситуации кога треба да платат казна, макар и за банални прекршоци – како, на пример, во сообраќајот. Ова е еден од коментарите на универзитетската професорка по социологија на правото, Јасна Бачовска Недиќ, за резултатите од анкетата на „360 степени“, кои покажуваат дека младите се посклони кон коруптивни практики отколку повозрасните.

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ своето согледување го образложува со тоа дека односот кон корупцијата, прво, се учи од дома.

Јасна Бачовска Недиќ, редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ

„Прво, се запрашуваме, каков е воспоставениот морал? Моралот е социјална категорија. Македонија и Јапонија имаат два различни концепта на морал. Таму, ако ве откријат во корупција, може некој да се самоубие од срам. Овде, ве испраќаат од дома со зборовите – снајди се, бутни се, најди некој свој човек за да успееш. И тие воспоставени практики младите, прво, во основните социјална јадра, ги учат и, веројатно, благодарение на тоа, но и на други практики, како што е обичајот, знаат дека од семејството или од нивни пријател, некој се извлекол врз основа на коруптивни дејствија. Згора на тоа, кога ќе ги додадеме општествено-политичките состојби дека многу луѓе што се занимаваат со корупција остануваат без одговорност, со игнорантен правен систем, со многу ниско ниво на правна култура, какви одговори можеме да очекуваме од младите“,

коментира професорката Бачовска Недиќ.

Анкетата, која за потребите на „360 степени“ ја спроведе „Тим институтот“, на репрезентативен примерок од 823 полнолетни испитаници, содржеше прашање: „Замислете се во ситуација да ве запре сообраќајна полиција по направен прекршок. Што прво би направиле?“

Првииот одговор, „го замолувате да ви прости“ ја избрале 47,3 % од испитаниците, а во тој процент доминираат лица во возрасните групи 18-34 години (51,5 %) и 35-54 години (51,5 %). Највозрасната група на испитаници – над 55 години, е најмалку наклонета кон такво сценарио (39,8 %).

Кај вториот одговор, „прифаќате дека сте направиле прекршок, го потпишувате записникот и ја плаќате глобата“, резултатот е обратен. Меѓу тие што одговориле потврдно на ова прашање, доминира популацијата над 55 години (37,8 %), па следуваат лицата 35-54 години (31 %), а кај најмладите 18-34 години само 27,8 % одговориле дека би презеле одговорност веднаш без обид да се снајдат.

Кај третиот избор, „итно барате пријател за да ѝ се јави и да побара од патролата да не ве казнува“ доминира најмладата популација. 18,1 % од испитаниците од 18 до 34 години рекле дека ќе бараат пријател, за разлика од 13,8 % меѓу лицата од 34-54 години и само 10,4% од лицата над 55 години.

Според Бачовска Недиќ, ваквите резултати покажуваат отсуство на свест за јавно добро кај помладата популација, што вели дека е типично за целата т.н. „генерација Z (зет)“ и на глобално ниво.

„Етичките правци на капитализмот се позитивизам, индивидуализам, прагматизам. Да, тоа е во ред. Меѓутоа, ние живееме во општествени заедници каде што некогаш мораме да ја жртвуваме индивидуалната слобода за општото добро. Мене можеби не ми е пријатно од мојата зграда во Карпош до Правниот факултет да врзувам безбедносен појас. Но, јас морам да ја жртвувам својата индивидуална слобода заради владеење на правото“,

вели Бачовска Недиќ.

Причината, пак, што повозрасната генерација е поподготвена да ги следи правилата, според професорката Бачовска Недиќ, лежи во барем две причини. Возраста, но и животното искуство од претходниот систем.

Јасна Бачовска Недиќ, редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“

„И јас мислам дека луѓето како што стареат, стануваат сè поконзервативни, но тие генерации живееле и во друго време, кога редот и поредокот и државата беа вредност. Тие (н.з., лицата над 65 години) знаат добро што значи ред, поредок, што значи општо добро и знаат дека ако еден човек го прекрши правилото, тоа правило не важи за другите“,

вели Бачовска Недиќ.

*Поврзани вести:

Младите итарпејовски учат да решаваат проблеми со ситна корупција, вели професорот Огнен Спасовски

Причини за коруптивните тенденции кај младите: Егоцентризам без контролни механизми

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Комити со акција: Донирајте за Вардар – веднаш!

Следно

Португалија ќе дозволи ограничена евтаназија

Latest from Blog

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

ИДЛИБ (АА) – Во Сирија избија судири меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимската вооружена група „Тахрир ал-Шам“ во руралните подрачја на Алепо, јавува Анадолу. Во судирите, кои започнаа

Приватните превозници во Скопје се исклучија од сообраќај

Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје. Барањето било поднесено до претседателот на

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат хаос на улиците, одбиваат на дневен ред да го ставаат барањето на приватните превозници

За да се продлабочи кризата во јавниот градски превоз, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје одбиваат на дневен ред да го стават барањето на приватните превозници , за зголемување на надоместот за

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија

Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на
Go toTop